Постојат повеќе видови на дефетисти но заедничко за сите им е малодушноста. Тоа се луѓе со срце ко на врапче или зајак.
На некои тоа им е професија,па имаме:
-дефетист-политичар, дефетист - "јасновидец" па имаме новинари -дефетисти исто така и разни други створења.
Некои тоа го прават од чисто хоби,па имаме дефетисти-јавувачи во контактни емисии (ко "Бумбар" или "Јади Бурек") има дефетисти дури и сопственици на блогови кои шират само депресија ,фрустрации и комплекси ,има дефетисти -комшии и разни други створења.
Дефетистите ги има кај двата пола ,машкиот и женскиот
подеднакво.Но мојот суб-ета-сензо-о-матик регистрира различен степен на дефетизам по поодделни земји и за жал би кажал дека во Македонија има солиден број на
дефетисти од различни видови:-дефетисти кои на нероден Петко му кројат капа. овие ,деновиве се прашуваа каде би се оддржала следната Евровизија кога би победиле.
нели ,нека се роди Петко па за сала не е проблем!:)) Ќе се изгради па макар ако треба дење и ноќе ќе се гради.Ако треба на ден пред Евровизија ама готова ќе биде.
-има
дефетисти на кои тревата од комшиите секогаш им е позелена па така ние сме најдебели,најглупи ,најзаостанати ,импотентни сме. едно време такви-никакви вицови имаше за босанците а пак црногорците беа најмрзеливи.
отсекогаш сум се прашувал како настануваат вицовите например. дали постои некое белокосо чиче кое што измислува вицови. некогаш човек да го фати параноја па да помисли дека сите оние вицови за Трпе (ебати името,асоцијацијата де) се дело на странски служби задолжени за наше обезличување за формирање на маса -пластелин на луѓе зомби исплашени и понижени кои веднат глава затоа што нели нејзе сабја не ја сече.
епа ебати ебачката!
Луѓе ! повеќе чист воздух, природа ,пејсажи ,повеќе секс, повеќе сонце,повеќе книги и повеќе активност.
Ако треба и лутина ,бес и кршење на по некоја чаша или вазна.
Ако треба и пцуење .
Ако треба и рушење на лажни авторитети и угледи.
Се'е подобро од малодушност,апатија бескрвност и омалаксаност...
Живот е кога си
ЖИВ! (и кога мрдаш...)